Вечерва во рамки на фестивалот Охридско лето е Француската вечер и настапот на Камерниот оркестар од Тулуз, кој ќе изведе дела од Ребел, Аријага и Балсола, Турина , Форе, Родриго и Видре, Даниел-Лесир.
– Особено ми е драго што традицијата продолжува па и на ова, 51-во издание на фестивалот Охридско лето ќе се одржи француска вечер, со што продолжува успешната соработка на фестивалот со истакнати уметници од Франција. Чест ми е што оваа година, ќе настапи ансамбл од Тулуз, кој што е основан во 1953-та година досега има остварено над 5.700 концерти во повеќе од 30 земји ширум светот, настапувајќи со познати инструментални солисти и вокални групи на реномирани фестивалски и концертни подиуми– вели музичкиот селектор на фестивалот Гордана Јосифова Неделковска.
Репертоарот на Камерниот оркестар од Тулуз опфаќа широк период од Барок до музиката на 20-от век, вклучително и најнови дела напишани специјално за неговите програми. Со ансамблот ќе диригира маестро Жозеф Андре кој истовремено ќе настапи и како солист на виолина. Бројните награди на меѓународни натпревари и настапи насекаде низ светот зборуваат за неговото богато музичко искуство.
– Среќни сме што ќе настапиме на најреномираниот фестивал во Македонија, во градот за кој што сме слушнале дека наликува на нашето Сен Тропе. Чест ни е што ќе бидеме дел од „Охридско лето“ и што ќе оставиме белег во музичката историја на фестивалот – изјавувија членовите на ансамблот.
Љубителите на француската музика и камерното музицирање ќе можат да уживаат во концертот на Камерниот оркестар од Тулуз во црквата Св. Софија со почеток во 21 часот.
Со стабилизацијата на општинските финансии во изминатите четири години, Општина Охрид реализираше обемни инвестиции за подобрување на условите во сите основни и средни училишта Процесот на модерниз...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 09102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од УЗ10 и УЗ6 : Горна Влашка маала, на...
Цените на угостителските услуги во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени 3,8 %, соопшти Државниот завод за статистика По групи, во септември 2026 година во однос на август 2...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.