Француски приватен авион со тројца патници синоќа околу 20:30 часот при слетувањето ја промашил пистата на скопскиот аеродром „Александар Велики“. За среќа нема повредени во инцидентот, јавува „Макфакс“.

Како што информираат од Агенцијата за цивилна воздушна пловидба, француски авион, кој летал на релација Маастрихт – Скопје имал тврдо слетување, при што, освен пукната гума, немало други оштетувања на авионот.

На местото на инцидентот веднаш излегле аеродромските служби, како и инспектори на АЦВП. Земени се податоци од контролата на летање, како и од метереолошките служби. Дополнително, направен е алкотест на пилотите.

Причините за инцидентот се утврдуваат

OhridNews
извор: „Макфакс“