Францускиот кларинетист Мејер и пијанистот Сорија вечерва на „Охридско лето“
29.07.12 09:26
Вечерва, во рамки на фестивалот „Охридско лето“ е настапот на францускиот кларинетист, Пол Мејер и пијанистот Антонио Сорија, од Шпанија.
Пол Мејер е најпознатиот современ француски кларинетист и еден од најпризнатите светски уметници на својот инструмент. Лауреат е на повеќе натпревари. Мејер е исклучителен интепретатор на модерна музика. Тој изведувал светски премиери на дела од: Герд Кир, Кшиштоф Пендерецки и Лучано Берио. Реализирал снимки на помалку познати дела од традиционалниот репертоар за кларинет, меѓу кои дела за виола и кларинет од Макс Брух заедно со Жерар Косе, два концерти за кларинет од Игназ Плејел во соработка со Жан-Пјер Рампал, како и делото „Симфонија кончертанте“ од Франц Данци. Соработувал со многу диригенти како: Емануел Кривине, Гунтер Хербиг, Еса-Пека Салонен, Јехуди Мењухин, Јиржи Максимиук, Кент Нагано, Давид Цинман, Мајкл Гилен, Лучано Берио. Негови партнери во камерното музицирање биле: Ерик ле Саж, Жан-Пјер Рампал, Жерард Косе, Мариа Жоао Пирес, Јури Башмет, Гидон Кремер, Јо Јо Ма, Мстислав Ростропович, Владимир Спиваков, Барбара Хендрикс, Натали Десај, Гил Шахам и ред други виртуози од светот на класичната музика. Мејер остварува богата кариера и како диригент на повеќе оркестри, вклучително Филхармонијата на Сеул и Филхармонијата на Копенхаген.
Антонио Сорија е концертен пијанист и извонреден професор по пијано, камерна музика, оргули и музичка теорија. Најголемо признание од светските критичари добива за издавањето на сетот од 16 компакт дискови со целокупната музика за пијано на Хоакин Турина, за кој добива две награди. Како солист настапувал на рецитали во повеќе земји во Европа, САД и Бразил, остварил успешни концерти и како солист со повеќе оркестри. Сорија добива признанија од критичарите за неговиот придонес во афирмација на музиката на Итурби и Де Лароча. Сорија е доктор по естетика на музика и музичка креативност и професор на Конзерваториумот за музика во Кастељон, Шпанија, како и гостин предавач на меѓународни мајсторски курсеви за музичка интерпретација.
На вечерашниот концерт кој ќе започне во 21 часот во црквата Св. Софија ќе бидат изведени дела од : Шуман, Сен-Санс, Пуленк, Дебиси, Монтсалваж, Санкан, Арнолд.
Концертот е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Македонија.
На 15112025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во атарот на охридското село Свињишта било пукано од огнено оружје, при што еден проектил завршил во влезна врата од куќа, сопственост на...
Во периодот од 11-17 ноември 2025 г во организација на Црвениот крст на Северна Македонија и Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во Центарот за обука на Црвениот крст...
Пожарникарите од ТППЕ Охрид – Пожарна и ДПД Ентузијаст Охрид во соработка со претставници од покраината Тирол, Република Австрија, викендов реализираа успешна вежба во стариот дел на Охрид каде вла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.