Четири члена на семејство од Франција се убиени, а таткото со тешки прострелни рани е пренесен во болницата во местото Алег во Мавританија, откако биле нападнати од пљачкаши.

„Убиени се четири лица, од кои две се деца, а таткото е тешко повреден“ изјавил претставник на францускосто дипломатско претстваништво. Несреќната фамилија во Мавританија допатувала на одмор, а Ал Џезеира јави дека се туристи.

„Во овој момент можам само да ја потврдам трагичната вест и да им изразам сочуство на блиските“, изјави францускиот претседател Николас Саркози.

Франс прес повикувајќи се на локални извори пренесе дека семејството било нападнато од тројца вооружени напаѓачи кои се обиделе да ги ограбат. Локалната полиција започна истрага околу грозоморното убиство.

Г.М.