Силите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад извршиле „голем и координиран“ напад со хемиско оружје на 21-ви август крај главниот град Дамаск, според извештајот на француските разузнавачки служби од понеделникот, рекол за Reuters анонимен извор од владата на Франција, пренесува „Макфакс“.

Во документот на само девет страници, којшто го подготвиле француските разузнавачка служби и кој им беше претставен на пратениците во понеделникот навечер, се изнесуваат пет точки кои сугерираат дека зад нападот стои сирискиот претседател Башар ал-Асад.

„Тоа претставува голема закана за националната (на Франција) и глобална безбедност“, рекол соговорникот на агенцијата.

Разузнавачките материјали содржат сателитски снимки од нападот во областа под контрола на владата во Дамаск источно и западно од Дамаск и гаѓање на областите што ги контролираат бунтовниците. Изворот додал дека силите на владата од тогаш ги бомбардирале споменатите подрачја за да ги избришат трагите.

„За разлика од претходните напади во кои се употребени мали количества хемиски средства и кои имале цел да ги тероризираат луѓето, ова бил тактички напад со цел да се врти од контрола територијата“, рекол изворот на Reuters.

OhridNews
извор:„Макфакс“