Француската репрезентација на Светското првенство во Бразил ќе настапи без фудбалерот за врска Френк Рибери.

Фудбалерот на Баерн Минхен на еден од последните тренинзи пред заминување за Бразил ја обновил повреда на грбот, која му задаваше проблеми целата сезона.

Со отсуството на Рибери драстично се намалуваат шансите на „триколорите“ за освојување на златниот медал на СП во Бразил.

Мх.П.