Република Македонија е делумно слободна земја, покажува најновиот извештај на Фридом хаус, јавува „Макфакс“.

Во групата со Македонија од регионот се уште Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека Грција, Бугарија, Србија, Романија и Хрватска се во категоријата слободни земји.

Како главни забелешки во извештајот се наведува влошената состојба по изборите на Балканот, како и проблемот со владеењето на правото.

OhridNews