Според најновиот извештај на Фридом Хаус, Македонија бележи пад од 22 места на ранг листата за слобода на медиумите и се наоѓа на 116-то место.

Во извештајот кој вчера беше презентиран во Вашингтон за граѓанските и политичките права во светот, стои дека причините кои го предизвикале падот, се одземањето на медиумските лиценци, затворање на медиумите, како и влошената состојба на новинарите.

Инаку, Северна Кореја, Туркемиистан и Узбекистан се земјите кои немаат воопшто слобода на медиумите.

OhridNews