Британецот Крис Фрум од тимот Скај, победи на јубилејното 100-то издание на велосипедската трка околу Франција, која во неделата навечер заврши во Париз.

Зад Фрум во вкупниот поредок се пласираа Колумбиецот Кинтана и Шпанецот Родригез. Финишот на последната етапа која во должина од 133,5 километри се возеше од Версај до Париз го следеа 350.000 луѓе.

Инаку на последната етапа победи Германецот Марсел Кител, тој во фото финишот го победи сонародникот Андре Грајпел, на третото место се пласира Марк Кевендиш.