Меѓу првите рангирани пет на листата која се однесува за 2011 година, се наоѓаат и Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Универзитетот на ЈИЕ – Тетово и Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип.
Листата ја изработи Центарот за светска класа универзитети при Шангајскиот Џио Тонг Универзитет, како што беше истакнато од МОН, водечка светска институција за рангирање на високообразовни институции согласно берлинските принципи.
Од 6 до 19 место на оваа листа, се наоѓаат приватни универзитети во земјава, освен државниот Универзитет во Тетово кој е на 13- то место. Последна на оваа листа, односно 19- та е Бизнис академијата “Смилевски“.
Како што истакнаа од МОН, следната листа ќе бид еиздадена наредната година. Крајната цел е некој од универзитетите во Македонија да влезе во првите пет на листата од 500 најдобри универзитети во светот.