ФТУ Охрид ја промовираше 41-та генерација дипломирани студенти
22.05.12 15:05
Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денеска, ја промовираше новата генерација дипломирани студенти. На свеченоста што поради временските услови наместо на Плаошник, се одржа во амфитеатарот на факултетот, им беа врачени дипломи на околу 150 завршени студенти на сите насоки.
-Ова е 41 генерација на ФТУ Охрид и тие се иднината. Нашите студенти се конкурентни и се снаоѓаат на пазарот на трудот каде влијаат објективни и субјективни фактори. Објективните се дека постои рецесија, но добро е од друга страна што туризмот и услужните дејности во нашата земја одат во нагорна линија, а нашите студенти се најдобри во Македонија во секторот на туризам и угостителство што впрочем најдобро го покажуваат кадрите кои ги продуцираме на местата каде што работат, изјави деканот на ФТУ Охрид, проф. д-р Сашо Коруноски.
Во насока на промоција, исто така денеска , ФТУ Охрид во кафе барот „Ликвид“ организираше забава за сите матуранти од охридските средни училишта, на која настапи бендот „Геврек“.
–Целта е да се сретнат дипломираните и идните студенти и да разменат мислења, рече деканот Коруноски.
Факултетот за туризам и угостителство од Охрид е најстарата и најреномирана високообразовна институција во Македонија.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.