Месут Озил нема настап за „топчиите“ уште од март годинава, па се чини неговите денови во клубот се избројани. Договорот му истекува на крајот на сезоната. Артета минатиот месец рече дека се чувствува дека го изневерил Озил, но сега тој има друга приказна.

Откако сум тука, ако погледнете некои играчи каде биле, а каде се сега, нивните кариери потполно се променија и тоа си го заслужија. Им дадовме шанса и тие ја зграпчија. Што се однесува за Месут, очигледно нема место за него во екипата. Се обидов со него да бидам што појасен, како со медиумите, така и со навивачите, некои ќе разберат, но многумина нема. – вели Артета.

Тренерот истакнува дека е повреден поради ситуацијата со Германецот кој има турско потекло.

Повреден сум затоа што не сакам ниту еден од играчите да нема шанса да настапи и да се натпреварува. За мене тоа е многу тажно оти мислам дека никој не заслужува таков третман. Ние во екипата имаме неколку такви играчи. – заклучи Артета.

Арсенал првенството го продолжува со дуел со Лидс нагости во рамки на деветтото коло од Премиер лигата.

Гвардиола и Манчестер Сити се согласија за нов договор

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се согласи да го обнови контактот со клубот, пишува „Дејли мејл“.

„Граѓаните“ му дадоа време на специјалистот за да може да размисли за оваа одлука со своето семејство. На крајот, 49-годишниот Шпанец се согласи да потпише договор.

Сегашниот договор на Гвардиола е со важност до 2021 година.

Гвардиола ја минува својата петта сезона во Манчестер сити. Под негово водство екипата двапати стана шампион на Англија, еднаш го освои Купот на земјата и три пати – Лига купот.

OhridNews