На турбуленциите во Барселона им нема крај. Управата беше на удар од јавноста после изјавите на Лионел Меси дека сака да замине од Барселона, а нов проблем се не успешните преговори со фудбалерите за намалување на платите, во време на пандемија.

По неколкудневни напнати состаноци, страните ги завршија преговорите и ги прекинаа консултациите без да постигнат договор, – пишуваат шпанските медиуми.

Двете страни се согласиле дека до 23 ноември треба да се разгледаат предложените опции и да се стартуваат нови преговори.

Дешамп лут и бесен на француските репрезентативци

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешамп е лут на своите избраници поради лошото издание и поразот (0:2) од Финска синоќа во Париз во пријателски натпревар.

Игравме полошо отколку што можев да си замислам. Иако имавме повеќе посед на топката, малку создадовме шанси. Добивме добра шлаканица во лице. Јас нема да се задржам на ова, тоа е факт. Резултатот е реален. На нашиот тим му беше одржана добра лекција. Понекогаш ваквите лузни дури и не болат. Не победивме затоа што не ја сторивме вистинската работа. Повеќе не сакам да барам други објаснувања за тоа што се случило, изјави Дешамп.

Франција е актуелен светски шампион и втора на ФИФА раетинг листата, додека Финска е на 55. место.

Роналдо ја прослави јубилејната, 100-та победа со репрезентацијата на Португалија

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, синоќа ја забележа 100. победа со португалскиот национален тим. Португалија во пријателски натпревар ја совлада Андора со 7:0.

Среќен сум што достигнав уште една историска пресвртница во националниот тим! – напиша Роналдо на Твитер.

Тој мечот го заврши со еден гол и една асистенција.

Светски рекордер по победи со репрезентацијата е Серхио Рамос, кој триумфирал на 129 натпревари со Шпанија. Во топ 3 има уште двајца Шпанци – Икер Касиљас (121 победа) и Чави (100).

Вкупно, Роналдо одигра 168 натпревари за Португалија. До европскиот рекорд, напаѓачот на Јувентус има 8 натпревари (176 натпревари, Џанлуиџи Буфон, Италија / Серхио Рамос, Шпанија), додека од светскиот рекорд го делат уште 16 средби (184 натпревари, Ахмед Хасан, Египет).

OhridNews