Летниот преоден рок во светскиот фудбал започна и веднаш стартуваат шпекулациите, кои се неизбежен декор на трансфер пазарите. Сите медиуми будно ги следат екипите и секојдневно инфомираат за нивната заинтересираност.

Де Роси на клупата од Фиорентина

Поранешниот фудбалер на Рома и Бока Јуниорс, Даниеле де Роси на клупата од Фиорентина најверојатно ќе ја започне тренерската кариера. Де Роси после завршувањето на фудбалска кариера најави тренерска, а можеби Фиорентина ќе биде вистинско место за почеток.

„Црвените ѓаволи“ ги договорија условите со Санчо, на ред преговори со Борусија Дортмунд

Манчестер Јунајтед ги договори личните услови со Жадон Санчо за преселба на Олд Трафорд. Англискиот репрезентативец се согласил на неделна плата од 140 000 до 200 000 фунти. „Црвените ѓаволи“ за реализирање на трансферот треба да најдат заеднички јазик со Борусија Дортмунд околу оштетата за фудбалерот.

Санчо во дресот на Борусија Дортмунд

OhridNews