Everton-Crystal Palace 1 (1.4)
Вечерва се играат заостанатите натпревари од 34-то коло во англиската Премиер лига,а наш избор е екипата на Евертон,која има големи шанси да ја гледаме во Лигата на Шампиони догодина.
Евертон се наоѓа на 5-та позиција и со само бод негатива во однос на Арсенал,но и со натпревар помалку,а на последните 5 натпревари е безпрекорна и има 5 победи (Сандерленд 0:1,Арсенал 3:0,Фулам 1:3,Њукасл 0:3,Свонси 3:2).
Од друга страна пак екипата на Кристал Палас се наоѓа на 12-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи во низа (Астон Вила 1:0,Кардиф 0:3,Челзи 1:0),еден нерешен и без голови натпревар со Сандерленд и пораз од екипата на Њукасл со 1:0.
И традицијата е на страна на Евертон која на последните 3 натпревари против екипата на Кристал Палас има две победи и еден нерешен натпревар.
Pittsburgh-Columbus 1 (1.85)
Вечерва се играат натпреварите од американската НХЛ лига.Наш избор е натпреварот помеѓу Питсбург и Колумбус,А типуваме на домаќинот.
Питсбург на последните 5 натпревари имаат две победи на пенали (Детроит 4:3,Колорадо 2:3),еден пораз на пенали од екипата на Отава со 2:3,еден пораз во продожението од екипата на Филаделфија и еден пораз во регуларниот дел од екипата на Минесота со 4:0.
Од друга страна пак екипата на Колумбус е во подобра форма и на последните 5 натпревари имаат три победи во регуларниот дел (Флорида 2:3,Далас 1:3,Њу Јорк Исландерс 4:0),една победа во продолжението против екипата на Феникс со 4:3 и еден пораз во регуларнито дел од Тампа Беј со 3:2.
И традицијата е на страна на екипата на Питсбург која на последните 25 меѓусебни натпревари против Колумбус имаат 19 победи и 6 порази.
Јане Лабоски