Најскапото засилување во историјата на Арсенал, Никола Пепе, преку својот профил на „Инстаграм“, се извини за непромислениот потег на натпреварот со Лидс, во меч од Премиер лигата.

Пепе, предизвика инцидент, по еден дуел со македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски, поради што во 53.минута доби директен црвен картон.

Го оставив тимот на цедило во клучниот период од натпреварот, нема оправдување за моето такво однесување. Жалам, сакам да им се извинам на навивачите, соиграчите, тренерот и на сите во клубот. – напишал Пепе.

Репрезентативецот на Брегот на Слонова коска, минатото лето за 80.000.000 евра од Лил се пресели во Арсенал. Досега не ги оправда парите кои клубот ги вложи во него. За Арсенал има одиграно 38 натпревари и постигнал шест гола.

Реал Мадрид и Интер преговараат за размена на фудбалери

Реал Мадрид и Интер ги започнале преговорите за размена на фудбалери, пишува германскиот „Скај Спорт“. Овој извор ги објави и имињата на фудбалерите кои треба да бидат вклучени во размената.

Во размената би биле вклучени Кристијан Ериксен и Иско, играчи кои не се задоволни од статусот што го имаат во своите клубови.

Ериксен, во јануари, пристигна во Интер, кога италијанскиот клуб го откупи неговиот договор од Тотенхем за 20.000.000 евра. Данецот не се снајде во Интер, а вчера италијанските медиуми објавија дека тој веќе е ставен на трансфер-листата, односно дека Интер ќе ги разгледа понудите за него.

Слична е ситуацијата со Иско, кој игра по системот „топло-ладно“, а и неговиот однос со тренерот Зинедин Зидан не е најдобар.

Барем засега проблем претставува вредноста на фудбалерите. Реал за Иско бара 70.000.000 евра, додека Ериксен вреди 30.000.000 евра.

OhridNews

 

Полицијата ги истражува заканите кон Алиоски и Пепе (видео)