Фудбалерот на Севиља, Иван Ракитиќ стави точка на репрезентативната кариера во селекцијата на Хрватска. Врв на Ракитиќ во дресот на Хрватска беше финалето на Мундијалот во Русија и освојувањето на сребрениот медал. Хрватска пораз во финалето претрпе од Франција.

Одлуката да се повлечам од репрезентацијата е мојата најтешка во кариерата. Чувствувам дека сега е вистински момент да повлечам таков потег. Уживав во секој натпревар кој го играв за Хрватска. Убеден сум дека Хрватска има светла иднина. На моите пријатели и другарите од репрезентацијата им посакувам многу среќа и успех. Во мене ќе имате најголем навивач. – напиша Ракитиќ во писмото за збогум до капитенот на селекцијата Лука Модриќ, селекторот Златко Далиќ и првиот човек во хрватскиот фудбал Давор Шукер.

Ракитиќ за Хрватска настапи на 104 натпревари и постигна 15 голови.

Блиска средба на фудбалер на Бирмингем и тренер на Свонси (видео)

Немила сцена го одбележа крајот на првиот дел помеѓу Свонси и Бирмингем. По судискиот свиреж фудбалер на Бирмингем и тренер на Свонси имаа блиска средба. Тренерот на Свонси го турна фудбалерот кој падна на земја. Веднаш настана мешаница на теренот која продолжи во соблекувалните.

Инцидентот кој го зачуди англискиот фудбал

OhridNews