Фудбалот во најквалитетни лиги стагнира но клубовите се активни, кога се работи за продолжување на договорите, ангажман на нови тренер или фудбалери. Додека ситуацијата со коронавирусот не се стабилизира  и фудбалерите се вратат на теренот, сите очи ќе бидат вперени во трансферите.

Тренерот на Лајпциг Ралф Рангник во пакет со Тимо Вернер на Сан Сиро

Тренерот на Лајпциг Ралф Рангник уште пред почетокот на кризата од коронавирусот беше поврзуван со Милан. „Росонерите“ очајно бараат ангажман на тренер кој ќе наметне фудбалска филозофија за подолг период. Изборот паднал на Рангник кој во клубот експресно ќе го доведе Тимо Вернер. Напаѓачот на Лајпциг е мета на Ливерпул и ќе биде интересно во летниот преоден рок борбата помеѓу некогашните ривали во финалните натпревари во Лигата на Шампиони.

Томас Милер верен на „баварците“ до 2023 година

Германскиот репрезентативец Томас Милер ја продолжи верноста со Баерн Минхен. Милер кој е дете на „баварците“ на Алијанц Арената ќе остане најмалку до 2023 година. Со новиот договор Милер ќе заработува поголема плата и ќе биде помеѓу најплатените фудбалери во германскиот гигант.

Зелено светло за траснфер на Даглас Коста

Даглас Коста не се гледа повеќе во Јувентус и побарал дозвола за заминување од Торино. Бразилецот не ги исполни очекувањата на клубот кој му одобрил да преговара за трансфер во друга екипа. Како следна дестинација се споменува Манчестер Сити.

OhridNews