Со воведувањето на ВАР технологијата се намалија судиските грешки, но се зголемија полемиките околу критериумот на судиите. Дали и кога е пенал играњето со рака во казнетиот простор, фаулот дали почнал надвор или внатре и за офсајдите кога раката на играчот кој го постигнал погодокот е во недозволена позиција.

Еден интересен детал од вчерашниот натпревар Лестер – Вулверхемптон споделија англиските медиуми. Имено, двајцата судии задолжени за прегледувањето на снимките не се согласија околу пеналот за Лестер во дуелот со „волците“. Пеналот на крајот беше потврден, Варди не го реализираше, но главна тема е не согласувањето на судиите.

Ибрахимовиќ промаши трет пенал во серија и сам назначи нов изведувач

Асот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги спаси „росонерите“ од пораз во дуелот со Верона постигнувајќи погодок во судиското продолжение за 2-2, но тој претходно не успеа да погоди од белата точка. За шведскиот фудбалер ова беше трето промашување од белата точка во серија, по што знам назначи нов изведувач на пеналите.

Јас се повлекувам бидејќи очигледно не можам да постигнам погодок од белата точка. Нов изведувач ќе биде Кеси, кој сигурно ќе биде подобар од мене. – рече Ибрахимовиќ.

Милан остана на лидерската позиција на табелата, но пропушти прилика да ја зголеми бодовната предност со оглед на нерешените дерби пресметки помеѓу Лацио – Јувентус (1-1) и Аталанта – Интер (1-1).

OhridNews