Натпреварот од 26 рунда меѓу Силекс и Брегалница не го дочека својот крај откако во 75 минута од мечот фудбалерот на Брегалница Елвир Мандак кој заработил втор жолт картон, автоматски црвен, го нападнал судијата Ставрев.


Според извештаите капитенот Мандак незадоволен од вакавта одлука на интернационалниот судија тргнал физички да се пресмета со Ставрева, а во мешаницата се вклучиле уште неколку фудбалери од гостинскиот тим.

Судијата по нападот одлучил да го прекине мечот кој во тој момент бил со резултат 1-0 за домаќините.

Ohridnews