Тест средбата помеѓу Ајакс и Вердер не се одигра до крај, откако на теренот во 73-та минута изненадувачки колабираше членот на холандскиот состав, Абделак Нури.

Интервенцијата на Брзата помош вроди со плод, но 20-годишниот фудбалер беше хитно префрлен со хеликоптер во најблиската болница каде му беше стабилизирана состојбата.

По смирување на страстите во договор на двете екипи мечот се прекина и не се доигра. До прекинот германскиот бундеслигаш имаше водство 2-1.

OhridNews