Автоголот на Чеџу во 66-та минута им донесе три бода на ПСЖ против Лил во последниот натпревар од 22-та рунда во француската прва лига. Со минималната победа “светците“ се вратија на врвот на табелата со 45 бодови исто колку и Лион.

Резултати : Сент Етјен – Бастија 3-0, Ница – Бордо 0-1, ПСЖ – Лил 1-0.

Табела : ПСЖ 45, Лион 45, Марсеј 42, Рен 36. . .

Мх.П.