Селекторот на холанската фудбалска репрезентација Френк де Бур го врати Стивен Бергвајн во Лондон еден ден после официјалниот собир на „лалињата“.

Причината за отстранување од селекцијата на Бергвајн е слабата физичка подготвеност на фудбалерот кој ги брани боите на Тотенхем. Напаѓачот Бергвајн сезонава запиша 10 настапи за „петлите“ во сите конкуренции.

Де Бур и Холандската фудбалска федерација не објавија дали ќе повикат нов фудбалер за претстојните мечеви со Босна и Херцеговина и Полска во УЕФА Лигата на нации и тест средбата со Шпанија.

OhridNews