Роман Гузман, 26-годишниот фудбалер на боливискиот второлигаш Универзидад Тринидад, почина од корона вирусот откако долго време беше хоспитализиран.

Гузман живееше во градот Бени, местото кое е „епицентар“ на пандемијата во оваа јужноамериканска земја. За трагедијата да биде поголема, од истата болест почина неговиот татко Белизарио Роман, поранешен претседател на клубот, како и неговиот вујко Луис Кармело Роман.

Гузман е поранешен член на јуниорската репрезентација на Боливија, а играше и во прволигашот Национал Потоси.

OhridNews