Мечот во азиската Лига на Шампиони помеѓу Иранскиот Сепахан и АЛ Ахли бил прекинат за момент откако на теренот била фрлена рачна граната. Голема среќа имал фудбалерот на домаќините Адел Колахкај кој навреме ја исфрлил граната од раката која неколку секунди подоцна експлодирала. По расчистувањето на теренот мечот го доживеал својот крај, а надлежните покренаа истрага околу несекојдневниот инцидент.


Мх.П.