Фудбалерот на Дерби Канту, Андре Виздом е хоспитализиран со повреди нанесени од нож. Тој бил нападнат од непознати лица и ограбен откако го повредиле.

Клубот на социјалните мрежи информираше дека покрај повредите по телото дефанзивецот се наоѓа во стабилна состојба и животот не му е доведен под знак прашалник.

Англиската полиција веднаш почна со истрага и расчистување на случајот кој ја потресе фудбалската јавност.

OhridNews