Фудбалските аналитичари од италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ изминатиов период се занимаваа со играчи кои потфрлиле во Серија А. После низа анализи, „Газета дело Спорт“ го објави најлошиот тим за оваа сезона. Моментално сезоната е во прекин поради пандемијата од вирусот Ковид -19, но најверојатно ќе продолжи на 12 јуни.

По два претставници имаат Интер, Рома и Наполи додека по еден играч во најлошиот состав имаат Џенова, Лацио, Јувентус, Милан и Торино.

Најлошиот тим:

Голман: Алекс Мерет (Наполи)

Одбрана: Антонио Барека (Џенова), Диего Годин (Интер), Денис Вавро (Лацио), Леонардо Спинацола (Рома)

Среден ред: Адријан Рабиот (Јувентус), Хавиер Пасторе (Рома), Лукас Пакета (Милан)

Напад: Ирвин Лозано (Наполи), Симоне Верди (Торино), Алексис Санчез (Интер)

OhridNews