Не е ништо ново дека менаџерите во фудбалот имаат многу моќ. Исто така дека вртоглави суми се вртат за трансфери на фудбалери по кои агентите профитираат на име провизии.

Дел од бројките ги објави италијанскиот „Газета дело спорт“.

На сметката на менаџерите клубовите од Серија А префрлија неверојатни 187.851.487,86 евра само во 2019 година. Тоа се 16 милиони евра повеќе отколку во 2018 година.

Предводник во оваа категорија е Јувентус Торино, кој од „својот џеб“ исплати 44,3 милиони евра. Клубовите како Интер (31,8 милиони), Рома (23,2), Милан (19,6) исто така скапо ги плаќаат услугите на агентите на играчите.

Дури и во Серија Б, Емполи потроши повеќе од шест милиони евра. Во исто време, долговите на италијанските клубови неизмерно растат.

Не е единствена но кризата со вирусот и тоа како дополнително ја влошува целата ситуација. Вкупно како што пренесуваат медиумите клубовите во Серија А се во долгови со 2,5 милијарди евра.

OhridNews