Нема фудбалери на Барселона во идеалниот состав на Европската фудбалска унија (УЕФА) за 2013 година. На изборот на кој учествувале 525 илјади посетители на официјалната интернет страница на организацијата, најзастапен е Баерн Минхен, актуелниот европски првак, со четворица фудбалери.

Идеалниот тим на УЕФА за 2013 година:
Голман: Мануел Нојер (Баерн Минхен, Германија)
Одбрана: Филип Лам (Баерн Минхен, Германија), Серхио Рамос (Реал Мадрид, Шпанија), Тијаго Силва (ПСЖ, Бразил), Давид Алаба (Баерн Минхен, Австрија)
Ред за врска: Марко Ројс (Борусија Дортмунд, Германија), Месут Езил (Реал, Арсенал/Германија), Герет Бејл (Реал Мадрид, Велс), Франк Рибери (Баерн Минхен, Франција)
Напад: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид, Португалија), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ, Шведска).

Во идеалниот тим на ФИФА, која беше објавен во понеделникот дури четворица фудбалери се дел од Барселона.

ohridnews