Фудбалерите на Охрид денес на „Билјанини Извори“ ја пречекуваат екипата на Камјани во 11. коло од 2.МФЛ. Натпреварот се игра со почеток во 13:00 часот.
Борбата за влез во Првата лига продолжува, а на тој пат секој навивач е важен! Не дозволувајте нашите фудбалери да се борат сами! Сите на стадион! За Охрид, за клубот, за Прва лига, порачуваат од ГФК Охрид.
ГФК Охрид е прв на табелата со 25 бода по одиграни 10 кола, 8 победи, еден пораз и еден нерешен натпревар. Два бода помалку има Пелистер и е втор, додека трет е Работнички со 21 бод.
OhridNews











