Охрид Лихнидос продолжува во победнички ритам во Втората македонска фудбалска лига. Во рамките на 11. коло, охриѓани остварија убедлива победа од 4-0 против Камењане, потврдувајќи ја одличната форма и лидерската позиција на табелата.
Охрид Лихнидос уште еднаш покажа квалитет и ефикасност, а прашањето на победникот го реши со четири погодоци. Каланоски двапати се запиша во листата на стрелците, во 24. и 44. минута, додека Јахја во 40. и Матески во 62. минута ја комплетираа убедливата победа.
По ова коло, Охрид Лихнидос е на првото место со 28 бодови, три повеќе од второпласираниот Пелистер, додека Работнички е трет со 24 бодови.
Резултати 11.коло
Беласица – Шкупи 2-0
Детонит – Брера 1-0
Кожуф – Пелистер 1-1
Новаци – Македонија ЃП 2-0
Охрид Лихнидос – Камењане 4-0
Осогово – Работнички 0-3
Тетекс – Еуромилк 4-0
Табела по 11 кола:
1. Охрид Лихнидос – 28 бодови
2. Пелистер – 25 бодови
3. Работнички – 24 бодови
4. Брера – 18 бодови
5. Камењане – 17 бодови
6. Тетекс – 16 бодови
7. Беласица – 16 бодови
8. Кожуф – 14 бодови
9. Македонија ЃП – 12 бодови
10. Детонит – 12 бодови
11. Новаци – 11 бодови
12. Еуромилк – 7 бодови
13. Осогово – 7 бодови
14. Шкупи – 0 бодови
OhridNews












