Фудбалерите на Охрид денес играат контролен натпревар со екипата на Тетекс од Тетово во рамки на подготовките за новата сезона.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот во Јегуновце со почеток во 17:30 часот.
Kонтролни натпревари, како што посочија претходно од клубот ќе бидат клучни за подготовка на тимската игра и тактичкиот план.
ГФК Охрид сезонава направи значителни измени во составот и се засили на речиси сите амбиции и според најавите, ќе атакува на пласман во најквалитетното по ранг натпреварување во земјата.
OhridNews