ГФК Охрид Лихнидос ги започна зимските подготовки. Во текот на зимскиот подготвителен период ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари, информираат од клубот, додавајќи дека термините ќе бидат дополнително познати.
Клубот, додаваат, го напушти Хусеин Демири на кого му се заблагодаруваат за соработката.

OhridNews
фото. ГФК Охрид Лихнидос













