Во рамките на 13. коло од Втората македонска фудбалска лига, ГФК Охрид Лихнидос гостува во Кочани, каде ќе ги одмери силите со екипата на Осогово!
Последен натпревар за оваа полусезона! Со максимален фокус, мотивирани и подготвени да ја завршиме полусезоната на најдобар можен начин!, велат од клубот.
Натпреварот се игра во сабота, 28 ноември, со почеток во 13 часот.
Охрид Лихнидос останува на лидерската позиција на табелата со 31 освоен бод, пред Пелистер, Работнички и Камјани.
OhridNews











