Наместо на тренинг на теренот во “СРЦ Билјанини Извори“ фудбалерите на ФК Охрид се појавија пред зградата на локалната самоуправа каде го искажа својот револт од несредената ситуација во клубот. Фудбалерите немаат примено плата подлого време, а ни после последниот апел кој го упатија до Управата нема никаков одговор.


– Ништо не е променото од онај апел кој пред две недели го упативме. Нема никаков напредок и ситуацијата е онаа истата, ниту некој од Управата се појави, ниту пак некој воопшто се заинтересира да ја промени. Немаме елементарни услови за тренинг, за натпревар. До колку на градот не му е потребен прволигашки фудбал, тогаш нека ни кажат и да ја прекинеме оваа агонија – вели капитенот на ФК Охрид, Ѓорески Сашо.

Тренерот на клубот, Драган Антиќ, кој во последните шест рунди нема пораз, вели дека состојбата во клубот е неиздржлива и дека дел од потенцијалните спонзори не сакаат да инвестираат во клубот се додека постојната управава го води клубот.

– Жалосно е клубот да биде заложник на неколку луѓе. Штета е за градот кој има услови да има суперпрволигаш кој може донстоинствено да се преставува во Македонија. Срамно е за Охрид, вакви луѓе како Каланоски и Малезан да го водат клубот. На дел од фудбалерите кои се од надвор им ја скратија храната и им го укинаа смештајот, навистина жални работи – вели тренерот Антиќ.

За утрешниот ден закажана е средба на фудбалерите и охридскиот градоначалник Петрески на која ќе се разгледаат можностите како понтаму може да се изнајде модул како и што понатаму со клубот.
Ohridnews