Во бараж натпреварите за мундијалот во Бразил следната година ќе се сретнат селекциите на Португалија – Шведска предводени од Кристијано Роналдо односно Златан Ибрахимовиќ.


Еден од овие двајца магионичари нема да биде дел од светскиот фудбалски крем на Светското првенство, а фудбалот и неговите љубители ќе бидат најголеми губитници.

Покрај овој дуел во „европскиот“ бараж ќе играат Исланд – Хрватска, Грција – Романија и Украина – Франција. Првите натпревари се закажани за 15 ноември додека реваншите четири дена подоцна.

Мх.П.