Охридскиот фудбалски клуб “Фер Плеј“ имаше исклучително успешна година. “Виолетовите“ полека стануваат синоним за успех и тоа како треба да се работи со дечињата уште од мали нозе.


– 2012-та година беше исклучителна година за “Фер Плеј“. Сите замисли и планови беа остварени и надминати. Стандардите во школата во 2012-та година ги кренавме на многу високо ниво. Со макотрпна работа, голем ентузијазам и лично вложување го направивме “Фер Плеј“ респектабилен тим не само во Охрид, туку низ цела Македонија –
потенцираа од клубот “Фер Плеј“.

Трофеите во витрините на фудбалскиот клуб се многубројни. Минатата година “Фер Плеј“ учествуваше на турнири во Албанија, Србија и Грција каде што имаше забележителни резултати. Во националните првенства “Фер Плеј“ секогаш беше пред самиот врв.

– Покрај големите успеси на турнирите.  Со патувањето низ Балканот успеавме да се збратимиме со повеќе клубови. Еден од нив е Партизан од Србија и во иднина со нив ќе имаме отворена соработка. Сите генерации посебно имаат успеси, се надевам дека во 2013 година ќе ги повториме и надминеме резултатите остварени во 2012-та – истакнаа од клубот. 

 
Фудбалската школа “Фер Плеј“ започна да работи во 2010-та година и после две години брои околу 200 дечиња. Минатата година “Фер Плеј“ имаше успешене проект организирајќи Куп во кој продефилираа голем број екипи и млади таленти.

– Со 52 екипа од земјата и странство во пет возрасни категории успешно го организиравме “Фер Плеј Купот“. На Охрид како град му требаат вакви манифестации на кои дечињата покрај фудбалот ќе можат да се дружат со фудбалерчиња од другите земји. Организиацијата беше на високо ниво имавме и посебен интернет сајт, на кој можеше да се информираат сите кои учествуваат. ВО 2013 година сакаме да организираме уште поголем турнир и тоа да прерасне во традиција која ќе се негува долги години – порачаа од “Фер Плеј“.

Мх.П.