Со младите фудбалерчиња работат двајца тренери Наум Јанкуловски и Благоја Ристески. Тренинзите се одвиваат во вторник (10 и 16 часот)и четврток (10 и 16 часот) додека во викенд се играат натпревари со останатите школи во градот.
Охрид 10 Јуниор го потврди своето учество во регионалната Детска фудбалска лига, каде ќе има екипи од Охрид, Струга и Дебар и отвори уште една можност за докажување на своите членови на фудбалските терени.