Wigan-Yeovil 1 (1.5)

Вечерва во 20.45 во англиската Чемпионшип се играат заостанатите натпревари од 35-то коло.Нашиот избор е натпреварот Виган-Јеовил,а типуваме на домаќинот.

Виган е во беспрекорна форма,се наоѓа на 5-та позиција и ништо чудно ако го гледаме догодина во Премиер лигата,а на последните 5 натпревари се 100%-ни со 5 победи (Ипсвич 1:3,Шефилд Венсдеј 1:0,Нотингем 1:4,Брајтон 1:2,Барнсли 2:0)

Од друга страна Јеовил игра за опстанок и е на предпоследната позиција,на последните 5 натпревари има 2 победи (Шефилд Венсдеј 2:0,Донкастер 1:0),еден нерешен натпревар со екипата на Ридинг со резултат 1:1 и два порази (последните два натпревари)(КПР 3:0,Ипсвич 0:1).

До сега овие две екипи играле само еднаш и тоа во пролетниот дел и победила екипата на Виган на гости со 0:1 и зошто и денес да не го повторат успехот и да останат во игра за разигрувањето и пласман во Премиер лигата.

 Anaheim-Washington 1 (1.85)

Вечерва продолжува 69-то коло од најјаката хокејарска лига во светот.Наш избор е екипата на Анахеим.

Анахеим на последните 5 натпревари има 2 победи во низа во регуларниот дел (Л.А. Кингс 1:2,Колорадо 4:6),еден пораз на пенали од екипата на Питсбург со резултат 2:3 и два порази во регуларниот дел (Калгари 7:2,Торонто 1:3).

Вашингтон игра во источната конференција и се наоѓа на 9-та позиција,а на последните 5 натпревари има 3 победи во регуларниот дел (Торонто 4:2,Ванкувер 4:3,Феникс 3:2) и два порази во регуларниот дел од страна на екипата на Питсбург со резултати 2:0 и 2:3.

 San Jose-Florida 1 (1.6)

Друг интересен натпревар за типување е натпреварот Сен Хозе-Флорида,а типуваме на домаќинот. Сен Хозе игра во западната конференција и е на 3-та позиција а е без пораз на последните 5 натпревари каде на 4 натпревари победиле во регуларниот дел (Њу Јорк Ренџерс 0:1,Њу Јорк Исландерс 3:4,Торонто 6:2,Монтреал 4:0) и една победа на пенали против екипата на Колумбус со резултат 3:4.

Флорида од друга страна игра во источната конференција и е во очајна форма,се наоѓа на 15 предпоследна позиција и на последните 5 натпревари има една победа против екипата на Њу Џерси со резултат 5:3,еден пораз на пенали со екипата на Ванкувер со резултат 3:4 и 3 порази во регуларниот дел (Тампа Беј 5:4,Феникс 1:3,Бостон 2:5).

 Pittsburgh-Dallas 1 (1.8)

Вечерва во најјаката NHL лига играат Питсбург и Далас.Според нас ова би требало да биде лесен плен за домаќините.

Питсбург на последните 5 натпревари имаат 2 победи во регуларниот дел против екипата на Вашингтон со резултати 2:0 и 2:3,една победа на пенали против Анахеим со резултат 2:3 и два порази во регуларниот дел од страна на екипата на Филаделфиа со 3:4 и 4:0.

Далас пак игра во западната конференција и е на 9-та позиција,а на последните 4 натпревари има една победа во регуларниот дел притв екипата на Минесота со 4:3,една победа во продолжение со екипата на Ст. Луис со 2:3,Еден пораз на пенали од екипата на Калгари со резултат 3:4 и еден пораз во регуларниот дел од екипата на Винипег со 7:2.

 Пелистер-Македонија Ѓ.П. 1 (1.5)

Попладнево се игра заостанатиот натпревар во македонската Прва лига помеѓу Пелистер-Македонија Ѓ.П.Според нас ова би требало да бидат сигурни 3 бодови за битолчани.

Пелистер се наоѓа на 4 позиција со само 3 бодови негатива од првиот Работнички,но и натпреавар помалку.На последните 5 натпревари имаат две победи (Напредок 4:0,Гостивар 1:0),два нерешени натпревари (Вардар 1:1,Шкендија 0:0) и еден пораз од екипата на Работнички со резултат 4:0.

Од друга страна екипата на Македонија Ѓ.П. се наоѓа на 10-та позиција,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Напредок 3:1,Гостивар 4:0,Брегалница 3:0) и два порази (Шкендија 3:0,Металург 1:0). Во есенскиот дел натпреварот помеѓу овие две екипи завршил без голови 0:0.

 

Ohridnews