Група хулигани ги претепала судиите по завршувањето на натпреварот Загоре-ХАШК, одигран во рамките на шестнаесетина финалето во фудбалскиот Куп на Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.
Инцидентот се случил во средата, во малото место Унешиќ, во шибенско-книнската жупанија.
Натпреварот по 120 минути игра завршил со победа на ХАШК од 4:2. Незадоволни и револтирани од судењето, група на домашни навивачи и неколку членови на раководството на Загора, влегле на теренот и го нападнале главниот судија Дује Струкан и неговите помошници, од кои еден со полесни повреди завршил во болница.
Поголем инцидент бил спречен благодарение на интервенцијата на локалната полиција.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...