Во рамки на комплексот од поранешната касарна започна да функционира и фудбалскиот терен на трева. Теренот, како што информираат од Општина Охрид, е ставен во функција за потребите на ООУ „Кочо Рацин“, фудбалскиот клуб „Св. Тројца“, но и за сите рекреативци.
Изминатиов период екипи на ЈП „Билјанини извори“ активно работеа на оспособување на теренот со садење на нова трева, инасталација на наводнување, поставување на реквизити. Во наредниот период теренот ќе се огради и ќе се постават монтажни трибини, посочуваат.


OhridNews












