Фудбалскиот тренер Љупчо Танески е првиот спортист од Охрид во сите возрасни категории и втор Македонец кој над 50 годишна возраст успешно го завршил триатлонот IRONMAN 70.3 кој се одржа викендов во Белград.

Ова ми беше животен сон. Овој успех го посветувам на моите деца, на родниот Охрид и на сите деца кои ги тренирам. Покрај сериозните подготовки, сите тие ми беа силна мотивација. За сите нив ја издржав оваа трка, вели Танески.
Потенцира дека за триатлонот се подготвувал шест месеци, посочувајќи дека спортува цел живот.
Ова ми е трет триатлон, додека првите два беа во Охрид. Сега сум вториот Македонец над 50 годишна возраст кој успел да го заврши триатлонот IRONMAN и прв охридски спортист на кој ова му успеало, додава Танески.

Поради лошите временски услови, дожд, ветер и температура од 11 степени, повеќе од 250 учесници не ја завршија оваа трка, додава Танески.
Покрај тоа што ова натпреварување е српскиот шампионат во триатлон, трката има и квалификациски карактер за IRONMAN Светското првенство во Марбела.
Н.С.Ј.












