Селекторот на петкратниот светски првак, Бразил, Луис Фелипе Сколари за дуелот со Англија во составот го вметна и фудбалскиот виртуоз Роналдињо.

Фудбалерот на Атлетико Минеиро после една година пауза се враќа во редовите на “кариоките“ и тоа за мечот со англичаните на Вембли.

Со Роналдињо во составот и Луис Филипе Сколари на клупата Бразил во 2002 година ја освои петтата светска титула во Јапонија и Јужна Кореја.

Мх.П.