Вистинско лудило владее во земјите кои денес ќе бидат дел од бараж натпреварите за преостанатите шест места на СП 2010 година во ЈАР.

Неповторливиот Чиро Блажевиќ, кој е на чекор до место на СП со селекцијата на БИХ, ја забавува јавноста со својот уличарскиот жаргон на прес конференциите. – Не верувам дека преседателот на ФИФА, Блатер рекол како ги сака Роналдо и Меси во Африка. Знаеш што да ти е**м Блатер, ме боли мене за Блатер. – рече Блажевиќ


Португалците тренираа под зголемено обезбедување во Зеница

Рускиот преседател Дмитриј Медведев ја чекирал картата за Марибор. Фудбалот е единствената причина поради која преседателот ќе допатува во северот на Словенија. Министерот за надворешни работи на оваа земја Борут Пахор се понудил лично да им ги исчисти копачките на фудбалерите пред патот за ЈАР, но сега ќе има други маки, да организира дочек на преседателот Медвдев, кој го најавил своето приство.


Француските и ирските фудбалер, молчат и се кријат во желба да се скријат од ФИФА, поради тоа што се “закачија“ во тунелот по првиот натпревар во Даблин.


Двата најмоќни украински тајкуни, воедно и фудбалски ривали, ги откопаа воените секири и пред одлучувачкиот натпревар против Грција, меѓусебно се обвинуваат за малверзации со билетите за натпреварот. Најбогатиот човек во Украина и спопственик на Шахтјор Донецк Рихат Ахмедов ја обвина федерацијата за високите цени на влезниците. Федерацијата одредила билетите да бидат помеѓу 24 и 98 долари, што е четвртина од просечната плата во Украина, додека ВИП влезниците чинат 1000 долари.

Уругвајските власти се обидуваат да ги смират најзапалените навивачи дека не смеат да ги тепаат и да ги вреѓаат фудбалерите на Костарика откако ке стигнат во Монтевидео, како што беше случај во 2002 во баражот кога во престолнината пристигнаа репрезентативците на Австралија.


И за крај мајсторката помеѓу Египет и Алжир. ФИФА закажа трет мечи тоа во Судан, откако двете репрезентации квалификациите ги завршија со идентичен резултат. Алжирците твдрат дека ФИФА го посакува Египет на Мундијалот бидејќи во Судан кој се граничи со земјата на фараоните ќе има далеку повеќе навивачи на Египет. Само за потсетување, алжирците на последниот натпревар во Египет беа каменувани, а пласманот на СП го испуштија во петтата минута од судиското надполнување кога Египет стигна до посакуваните 2-0.

ohridnews