Најдобрите македонски фудбалски судии во Охрид имаа собир, на кој полагаа фитнес тестови и познавање на техничкиот дел од фудбалот.


На спортско рекреативниот центар “Атина Бојаџи“ под лупата на преставници од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и претседателот на судиската комисија на Македонија, Емил Божиновски фудбалските судии ја потврдија физичката спремност и познавањето на фудбалската игра.


На фитнес тестот продолефилираа околу 40-на арбитри вклучувајќи ги охриѓаните Марјан Ецкоски, Стефче Шулески и Марјан Маркоски. Сите успешно ги минаа делниците, а ден претходно фитнес тестовите одлично ги завршија помошниците.


На една недела пред почетокот на шампионатот најдобрите македонски судии наговестија дека тие се спремни и ќе не очекува возбудливо првенство.

Мх.П.