Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере, кому наскоро му завршува мандатот во Македонија, вчера имаше проштална средба со охридските новинари.


Охридските новинари на Фуере му се заблагодарија за искрената соработка што ја имаа со него, како и за се што тој направи за Македонија и Охрид. Тие му посакаа добро здравје и мирни пензионерски денови.


Евроамбасадорот Фуере, на чија иницијатива се одржа средбата во ресторанот „Св.Софија“, истакна дека дружењето  со охридските новинари е посебно и дека засекогаш ќе ги памти убавите моменти поминати со нив. „Идните средби со вас ќе бидат како пензионер“, рече Фуере.

OhridNews