Јавната хигиена во Охрид е на високо ниво, што е од исклучително значење за еден туристички центар, кој надалеку е познат по своите природни и  културни богатства, истакна  амбасадорот на Европакста унија во Македонија, Ерван Фуере, во своето излагање по повод 40-годишнината од формирањето на ФТУ Охрид. Тој искажа јавна ја пофалба за чистотата на градот за која е задолжено јавното претпијатие „Охридски Комуналец“, а комплименти упати и кон охриѓани.

Улиците се чисти и ова според мене е одличен пример како треба да се работи на локално ниво. Охрид го заслужува епитетот најчист град во Македонија, а за тоа заслуга имаат општината, одговорните за јавната хигиена и се разбира граѓаните кои се грижат за својот град, рече Фуере.

Инаку, амбасадорот Фуере, кој е голем вљубеник во Охрид, откри дека веќе ги почнал подготовките за зимското капење на празникот Водици. Тој вчера се искапил во Охридското Езеро и вели дека водата била чиста и бистра и не многу ладна.

OhridNews