Евроамбасадорот  Ерван Фуере  ќе биде покровител на Илинденската  едриличарската регата што од 31 јули до 2 август ќе се одржи на Охридското Езеро. 

Амбасадорот Фуере кој денеска беше во посета на охридската компанија АМАК, рече дека со особено задоволство прифатил да биде покровител на оваа значајна меѓународна спортска манифестација. Сопственикот на компанијата Венко Шапкар на Фуере денеска му додели благодарница за заложбите на амбасадорот за развој на спортот во Охрид.


Венко Шапкар и Ерван Фуере

Фуере за време на посетата на АМАК, беше  запознат со производствените капацитети на компанијата и со плановите за развој и имплементацијата на новите производствени програми.

При тоа амбасадорот Фуере и Шапкар се договориле  наредната година во Охрид покрај Илинденската да се организира и дипломатска регата со што ќе се збогати  и туристичката понуда во Охрид.