Составот на Фулам е вториот учесник во финалниот натпревар од баражот за пласман во Премиер лигата. Фулам му се придружи на Брентфорд, кој ден претходно го чекираше билетот за мечот на „Вембли“.

Реваншот на „Кревен Котиџ“ требаше да биде рутина за Фулам кој стекна предност од 2-0 после првиот меч со Кардиф. Но, гостите не дојдоа со бело знаме и не само што покажаа заби, туку победија со 2-1. Фулам благодарание на голот постигнат на домашен терен обезбеди гол предност во вкупниот резултат (3-2) и прогрес во финалето.

Баражот за пласман во Премиер лигата се смета за финансиски највреден натпревар во светскиот фудбал. Екипата победник за учеството во елитната англиска лига ќе добие околу 100 милиони фунти.

OhridNews