Екипата на Манчестер Сити прокнижи нови три бодови, победувајќи го Брајтон со 1-0, додека Тотенхем и Фулам ги поделија бодовите, ремизирајќи 1-1, во вечерашните мечеви од Премиер лигата.

Таличен за „граѓаните“ беше Фил Фоден. Младиот фудбалер погодокот за победа го постигна пред крајот на првиот дел. Со новите три бодови, Манчестер Сити продолжи да ги притиска водечките екипи на табелата, Ливерпул и Манчестер Сити.

Фулам со погодокот на Иван Кавалеиро во 74-та минута обезбеди бод на гостувањето кај Тотенхем. „Петлите“ поведоа со голот на Хари Кејн, но не успеаја да го задржат водството до крајот и да забележат нова победа.


Нов натпревар во Премиер лига има утре (четврток) во кој ќе се сретнат Арсенал – Кристал Палас.

OhridNews